Во правец кон Сирија американската армија испратила десантен брод што ќе биде поддршка за групата која ја напушта Сирија, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Тој брод и војници ќе треба да обезбедат сигурно повлекување и дадат вооружена поддршка во моменти кога армијата е „најранлива“.

Станува збор за десантниот брод Кирсарџ на кој се стотици американски војници, неколку хеликоптери и авион. Претходно, неименуван извор од армијата за Фокс њуз потврди дека САД почнале со повлекување од Сирија и дека станува збор за повлекување техника, а не војници.