Американскиот советник за национална безбедност Роберт О`Брајан упати предупредување до Велика Британија, откако таа земја дозволи кинескиот Хуавеј Технолоџис да биде вклучен во нивната 5Г телекомуникациска мрежа, и оцени дека тоа ќе биде ризик за британската тајна разузнавачка служба.

– Тие само сакаат да ги украдат сите државни тајни, било да се тоа британски нуклеарни тајни или тајни на агенциите МИ6 или МИ5, изјави О`Брајан во интервју за Фајненшл тајмс.

– За нас е малку вџашувачки што луѓето во Велика Британија гледаат на Хуавеј како да станува збор за некој вид комерцијална одлука – 5Г е одлука за националната безбедност, тврди Американецот.

Тој оцени дека луѓето во Европа, Јапонија, Нов Зеланд и Австралија почнуваат да ја сфаќаат вознемиреноста на САД поради Хуавеј.