САД ја повикаа Русија да го уништи новиот систем за крстосувачки ракети, бидејќи претставува „директно и континуирано кршење” на Договорот за елиминација на нуклеарните проектили со краток и среден дострел (ИНФ) и ја обвини Москва дека ја дестабилизира глобалната безбедност.
Роберт Вуд, американски пратеник на конференцијата за разоружување на ОН, рече дека системот може да носи конвенционални, но исто така и нуклеарни боеви глави, и со дострелот од 500 милји од 1.500 милји, тоа е „можна и директна закана за Европа и Азија”.
-За жал, САД сè повеќе веруваат дека на Русија не може да и се верува во согласност со обврските за контрола на оружјето, а нејзините насилни и малигни дејства ширум светот имаат растечки тенденции, рече Вуд на конференцијата.
-Русија ја тестираше ракетата „SSC-8 / 9M729″ и не презеде конкретни чекори во согласност со Договорот, рече Вуд.
Русија одговори дека е неприфатливо САД да побараат од Москва да ги уништи ракетите 9M729 и негира дека тие го кршат договорот ИНФ.