САД наредија затворање на конзулатот на Кина во Хјустон „за да заштитат американска интелектуална сопственост и приватни информации“, изјави Морган Ортагус, портпарол на Стејт департментот.
Таа додаде дека САД нема „да толерираат кинески нарушувања на суверенитетот на САД“ и истакна дека претседателот Донлад Трамп сака односите меѓу Пекинг и Вашингтон да се базираат на реципроцитет.
Претходно, Кина потврди дека САД наредиленејзиниот конзулат во Хјустон да биде затворен во тек на три денови, и го осудија чекорот, истакнувајќи дека ако Вашингтон не ја смени одлуката, Пекинг ќе презеде реципроцитетни мерки.
Односите меѓу двете земји се напнати подолго време. Админстрацијата на Трамп е во судир со Пекинг во однос на повеќе области како трговијата, пандемијата на коронавирус, или кинеското наметнување на контраверзниот закон за национална заштита на Хонгконг.
Американското министерство за правда синоќа ја обвини Кина дека спонзорира хакерски напади на лабараториски центри кои работат на развој на вакцина против Ковид-19.