Американските сили се подготвуваат да отворат воена база во сирискиот град Рака. Ова, на својот сајт, го објави сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.
Ова е прва американска база откако тие се повлекоа од покраината за време на операцијата „Пролет на мирот“ во 2019 година.
Присуството на американските сили во изминатиот период беше ограничено на центарот на ЦИА во градот Ал-Табака.
Сириската опсерваторија за човекови права известува дека првите американски патроли се забележани како патролираат на 25 километри источно од Рака и дека се истакнати американски знамиња, што претходно не беше случај.
Сириската влада го осуди присуството на американски војници на нејзина територија како нелегитимно и ја повика меѓународната заедница да помогне да се стави крај на окупацијата на нејзината територија од страна на странските сили, САД и Турција.