Претседателот на САД Џо Бајден синоќа изјави дека не верува дека граничните ѕидови функционираат, иако неговата администрација најави дека ќе се откаже од 26 закони за изградба на дополнителни гранични бариери во долината на Рио Гранде во услови на зголемен политички притисок поради миграцијата.
Членовите на Демократската партија на Бајден рекоа дека ѕидовите не функционираат, додека ривалските републиканци го обвинија за лицемерие.
Бајден синоќа ја бранеше одлуката на неговата администрација да се откаже од 26 федерални закони во Јужен Тексас за да се дозволи изградба на околу 32 километри дополнителен граничен ѕид, велејќи дека нема друг избор освен да го искористи финансирањето од времето на (поранешниот претседател Доналд) Трамп за бариера за запирање на илегалната миграција од Мексико.
Запрашан дали мисли дека таквите ѕидови функционираат, тој категорично рече: „Не“. Парите беа обезбедни за пограничниот ѕид“, рече Бајден. „Не можам да го запрам тоа“.
Изградбата беше најавена во јуни, но средствата беа обезбедени во 2019 година пред демократскиот претседател да ја преземе функцијата.
Бајден рече дека се обидел да ги натера пратениците да ги пренасочат парите, но Конгресот одби, а законот бара финансирањето да се користи како што е одобрено и изградбата да биде завршена во 2023 година.