САД информираа за чекори што ќе доведат до промени во политиката кон Куба. Предвидено е ублажување на дел рестриктивни мерки од времето кога Доналд Трамп беше претседател.
Mерките ги означуваат најважните промени во американската политика кон Хавана, откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Но, во оваа намера на САД, се изостави значителното подобрување на американско – кубанските односи или историското поврзување, што го смисли поранешниот претседател Барак Обама.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс наведе дека мерките, објавени во текот на вчерашниот ден, се со цел да се поддржи кубанскиот народ, да им се дадат алатки со што ќе можат да создадат живот слободен од репресија на кубанската Влада, но и да бараат подобри економски можности.
Најавено е и укинување на лимитот на праќање пари од САД на членови од семејство на Куба, што досега изнесуваше 1.000 долари по квартал. Ќе се дозволи и праќање пари на лица, кои не се дел од семејството.
САД нема да ги пречкртаат од црвената листа одредени компании и субјекти, поврзани со кубанската Влада.