Предлогот на македонската влада за амбасадор во ЕУ да биде испратена Теута Арифи, кадар на ДУИ, не го поминал филтерот и на Брисел, откако истото се случи и во Вашингтон, дознава порталот МКД од свои доверливи дипломатски извори.
Поранешната градоначалничка на Тетово по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, во март годинава од македонската влада беше предложена за амбасадорка во ЕУ.
Тој предлог дојде откако Арифи не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон. Молкот од Вашингтон за ваквото кадровско решение, во македонското МНР било разбрано како несогласување, пишува порталот.
По мартовската владина одлука, опозициската партија Алијанса за Албанците побара ЕУ да ја одбие акредитацијата за Арифи, предлогот Арифи да биде амбасадорка во Брисел беше означен како „штетен сигнал за правдата бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“.