Американската воена морнарица на Блиски Исток, Петтата флота нуди награди за информации со кои би се пресретнало оружје, дрога и други нелегални стоки во регионот, по тензиите поради иранската нуклеарна програма и вооружувањето на јеменското движење Хути.
Петтата флота објави дека таа и нејзините сојузници заплениле дрога во вредност од 500 милиони долари во 2021 година, што е повеќе отколку во претходните четири години заедно. Во 2021 година, Петтата флота пресретнала бродови и заплени 9.000 парчиња оружје, трипати повеќе отколку во 2020 година.
Програмата на Петтата флота ќе биде покрената утре преку програмата за награди на Министерството за одбрана на САД, бидејќи војската веќе понуди пари и стоки за дојави за непријателот во Авганистан, Ирак и секаде каде што е присутна Ал Каеда, по нападите на 11 септември 2001 година,
Исплатата може да достигне до 100.000 долари, а можно е наместо пари, да бидат возила, бродови или храна, за секоја дојава што вклучува и информации за планирани напади врз Американци.