САД официјално одложија зголемување на царините за кинески стоки за 200 милијарди долари од 1 јануари за 2 март.

Промената е направена по разговорите на високи претставници на Вашингтони Пекинг за трговијата и интелектуалната сопственост.

Царините за кинески стоки ќе стапат насила на 2 март и ќе бидат зголемени од 10 отсто на 25 отсто.

Одлагањето на воведувањето царини е одговор на позитивните чекори преземени од двете страни по средбата на 1 декември во Буенос Аирес меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот колега Си Џинпинг.