Спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси е тестирана негативно на Ковид-19, соопшти нејзиниот кабинет.
„Од безбедносни причини, Пелоси беше тестирана на Ковид-19 во медицинскиот центар на Капитол“, објави заменик-шефот на Кабинетот, Дру Хамил на Твитер.
„Д-р Монахан штотуку ја извести претседателката дека има негативен резултат”, наведе тој.
Пелоси е втора на уставната листа ако претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс не се во можност да управуваат со државата поради здравствени причини.
Пенс веќе е потврдено дека има негативен резултат за Ковид-19.