Министерството за одбрана на САД ја отстранило Турција од учество во воздушна мисија во Сирија, предводена од Центарот за заеднички воздушни операции.

На Турција и било прекинато доставување разузнавачки и информации за надзор, соопшти портпаролката на Пентагон Карла Глејсон.

На прашањето дали тоа значи затворање на сирискиот воздушен простор за Турција, портпаролката рече: „Технички не значи точно тоа, но кога еден фактор е отстранет од воздушна мисија, станува речиси невозможно да се лета без координација во таа зона“.

И покрај заканата од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја уништи турската економија доколку Анкара спроведе операции во Сирија, турската армија продолжува да префрлува воена опрема и командоси на сириската граница за евентуална задрганична операција.

Конвој од околу 100 оклопни возила биле пренесени во граничната област Хатај, а долж границата биле распоредени командоси од специјалните сили. „Турската армија е подготвена и чека наредба да почне операција во источна Сирија против курдските терористи“, јавуваат турските медиуми.