По двегодишна пауза поради пандемијата во Вашингтон синоќа се одржа традиционалната вечера на дописниците на Белата куќа, настан кој не служи само за шеги и дружба меѓу колегите, туку и за доделување награди и стипендии во американското новинарство.
Првпат по шест години на собирот се појави американски претседател. Претходникот на Џо Бајден, Доналд Трамп ниту еднаш не присуствуваше на гала вечерата.
Обраќањето на Бајден беше следено од околу три илјадната публика составена од познати новинари и личности од шоубизнисот, како и актери и медиумски могули.
Бајден ги исмеа своите слаби рејтинзи, а ги спомна „уште послабите новинарски рејтинзи“. Тој ја потенцира важноста на слободата на изразувањето и сериозноста на задачата што ја извршуваат новинарите.