Австралиската пејачка Хелен Реди, позната по својата песна „I Am Woman“, почина во Лос Анџелес, САД, на 78-годишна возраст.

Како што објави „Њујорк тајмс“, пејачката повеќе години страдала од Адисоновата (ендокрина) болест, а од 2015 година – и од деменција.

Реди беше првата пејачка која не е родена во САД а се најде на Билборд топ-листата. Добитничка е на Греми за најдобра женска поп-вокална изведба, а нејзиниот најголем хит „I Am Woman“ стана химна на феминистките ширум светот.