Владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името на државата во Република Северна Македонија, информираат од Амбасадата на САД во Скопје.
– Владата на САД денеска доби официјално известување за промената на името на Република Северна Македонија. Во согласност со тоа, ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе го започнеме процесот за промена на референците на интернет страниците, официјалните документи и други места, објави на својот твитер-профил Американската амбасада.