Американските власти вратија 522 деца на имигрантски семејства во рамките на иницијативата „Нулта толеранција“, а во следните 24 часа, уште 16 деца ќе им бидат предадени на нивните родители, објави Министерството за внатрешна безбедност.
Во соопштението се наведува дека Агенцијата за царина и гранична заштита ќе задржи мал број деца одвоени од своите родители од други причини, а не поради нулта толеранција, меѓу кои е и утврдувањето на семејните врски.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за ставање крај на политиката на одвојување на имигрантските деца од семејствата на границата меѓу САД и Мексико, откако сликите на малолетници во кафез предизвикуваат сериозни реакции во таа земја и во странство.
Американското Министерство за здравство и човечки ресурси претходно објави дека до 20 јуни, 2.053 одвоени малолетници биле префрлени во нивните установи и дека соработуваат со релевантните власти за враќање на децата на нивните родители преку добро воспоставениот процес.