Во станбена зграда во германскиот град Вупертал дошло до силна експлозија во која се повредени 25 лица, од кои најмалку пет посериозно.

Многу станари побегнале, но голем дел останале заробени во зградата и пожарникарите ги спасувале.

Експлозијата се случила во повеќекатница, нешто после полноќ. Во паника бегале и луѓето од околните згради.

Освен што се срушил дел од зградата, уништени се и многу автомобили.

Полицијата соопштила дека засега не се знае причината за експлозијата.