Жените во Саудиска Арабија од денеска можат сами да возат автомобили.

Одлуката за укинување на забраната жените да возат автомобили е донесена во септември минатата година од страна на кралот Салман, а денеска стапува во сила.

Одлуката е дел од реформите, кои ги спроведува принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Забраната за жените да седнат зад волан беше единствена во светот. Нејзиното укинување го поздравија западните сојузници на Саудиска Арабија како нов прогресивен тренд.