Судскиот совет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес едногласно го одобри нацрт-законот, кој предвидува кривично гонење на лица вклучени во заговори за користење допинг и други забранети материи за да се постигнат подобри резултати во поголемите спортови.

Предлог-законот е наречен „Антидопинг-акт на Родченков“, во чест на главниот информатор на ВАДА, Григориј Родченков.

Сличен предлог-закон се разгледува во надлежната комисија на Сенатот.