Маријана Вилијамсон е една од најегзотичните натпреварувачи во демократската трка за номинација претседателски кандидат – писателка, активистка и политички аутсајдер.
Позната како „њу ејџ“ кандидатка од демократите, таа има објавено четири книги за самопомош и е гуру во таа област, но се прикажува и како духовна учителка на американската поп икона Опра Винфри. Позната е и по тоа што го менаџирала седмиот брак на Елизабет Тејлор и е против вакцинација на децата.
Но, иако има 67 години и живописна биографија зад себе, политичката ѕвезда за неа не сјае толку силно. Нејзин единствен политички ангажман е безуспешниот обид за избор на советник во 33-от округ на Лос Анџелес во 2014 година. Затоа, во последните анкети таа има рејтнг од само два отсто и нема големи шанси да ја добие номинацијата.
Вилијамсон синоќа беше во Сан Франциско и настапи во преполна уметничка алерија каде ги повтори нејзините пораки од претходните кампањски говори. Според неа, таа зборува од се срце и е голтка свеж воздух во гужвата од демократски кандидати за изборите во 2020 година.
-Проблем во САД е конвенционалниот политички естаблишмент. Треба да направиме исчекор, изјави таа и додаде дека на САД им е потребна „морална економија со милосрден капитализам“.
Повикува на плаќање репатријации на црномурестите жители на САД поради ропството врз населението од африканско потекло и признавње на геноцид врз американските Индијанци.
Таа повикува и на инвестирање во децата – нејоиниот најзнаменит повик е создавање на Министерство за мир, „наместо трошење такви огромни пари за оружје и војни“.
-Во земја како нашата образованието им се одзмема на децата само затоа што нашето школство е финансирано од данокот на имот (собиран на локално ниво). Колку aморално е тоа, изјави таа.
Во меѓувреме, телевзијата „Фокс Њуз“ денеска објави резултати од најновата национална анкета во која сенаторката Елизабет Ворен води 10 проценти повеќе од сенаторот Берни Сандерс.
Според анкетата, на прво место во демократската тркат за номинација е поранешниот потпретседател Џо Бајден со рејтинг од 31 отсто, на второ е Ворен со 20 отстотен рејтинг и голем подем во рејтингот, додека Сандерс е зад неа со рејтинг од 10 отсто.