Американските републиканци го задржаа своето место во Конгресот, откако Том Тифани ја победи демократската кандидатка, професорката Триша Занкер, на изборите во еден рурален дисктрикт во Висконсин, објави „Њујорк Тајмс“.

Врз основа на 77 проценти од преброените гласови Тифани води со 57,7 проценти, додека Занкер освоила малку над 42 проценти, пренесуваат британските медиуми.

 

Тифани ја имаше поддршката од претседателот Доналд Трамп за победата во Висконсин.

Тој ќе го замени републиканецот Шон Дафи,  кој минатата година си поднесе оставка.