Соединетите Американски Држави ја предупредија Индија да не биде премногу близок партнер со Русија по нејзината инвазија врз Украина.

– Нашата порака до индиската Влада е дека доколку Индија ја поддржи Русија, санкциите и последиците од нив ќе бидат значајни и долгорочни, изјави Брајан Диз, директор на Националниот економски совет на Белата куќа.

– Сигурно има области каде што сме разочарани, како од одлуките на Кина така и на Индија во контекст на инвазијата, додаде тој.

Индија одбива да воведе санкции кон Русија. Инаку, се смета дека таа е најголем увозник на оружје од руско производство.

Американскиот заменик – советник за национална безбедност, Далип Синг, минатата седмица беше во официјална посета на Индија, при која исто така инсистираше Њу Делхи да не го забрзува ниту зголемува увозот енергенси и други стоки од Русија.