Американскиот Сенат синоќа го потврди именувањето на Дејвид Бернхард за секретар за внатрешни работи на САД, кој досега беше вршител на должноста на оваа функција.
За негово именување гласаа 56 сенатори, а 41 беа против.
Бернхард е назначен на оваа должност и покрај критиките од демократите, поради неговото искуство како лобист во нафтената индустрија, кој ја користел својата позиција во федералната Влада во полза на интересите на клиенти од енергетиката.
Демократите посочуваат дека Бернхард работел на намалување на ефектите од Законот за заштита на ретки видови, вклучувајќи и порелаксирани мерки за заштита на калифорниските видови риба, објави „Вашингтон Пост“.
Американското Министерство за внатрешни работи не е државен орган за безбедност, туку се занимава со управување и заштита на земјиштето и животната средина во сопственост на федералната Влада.
Ова Министерство располага и управува со повеќе од 200 милиони квадратни километри државно земјиште и други ресурси. Во негова надлежност се и националните паркови, спомениците и резерватите.
Бернхардт беше вршител на должноста на министер за внатрешни работи на САД од почетокот на јануари, кога неговиот претходник Рајан Зинке беше сменет поради скандалот со ненаменско трошење на буџетски средства.