Најмалку шест лица погинаа во силното невреме на југот на Мисисипи во кое се оштетени најмалку 300 куќи и една зграда на северот од Луизијана.
Едно лице погина во округот Волтхол, две во Лоренс, а три во округот Џеферсон Дејвис. Сите три округа се наоѓаат на околу еден час возење јужно од Џексон, во близина на Луизијана.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот ветер минал и низ другите делови на Мисисипи, каде имало и локални торнада.
Гувернерот на Мисисипи, Тејт Риверс, прогласи вонредна состојба во државата бидејќи е погодена и од неколку торнада, јавија американските медиуми.
Од силниот ветар искинати се електричните водови , а врз неколку куќи во Клерксдејл паднале дрвја.