Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека американските сили собориле неколку беспилотни летала над Црвеното Море.

Авионот беше соборен во петокот, а се додава дека биле уништени четири дронови што бунтовниците Хути планирале да ги лансираат од територијата на Јемен.

-Американските сили идентификуваа беспилотни летала во областите контролирани од Хутите во Јемен и утврдија дека тие претставуваат непосредна закана за товарните бродови и американските воени бродови во регионот, рече Центком.