Стејт департментот ја поздрави денеска одлуката на Рамуш Харадинај да соработува со Специјалното обвинителство за злосторствата на ОВК во Хаг.
– САД му честитаат што тој одлучи да одговори на поканата на Специјалниот суд за Косово, се наведува во краткото соопштение на Стејт департментот.
Харадинај вчера поднесе неотповиклива оставка од премиерската функција, а како причина ја наведе добиената покана од Специјалниот суд како осомничен.