Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека ќе издаде „извршна наредба“ за заштита на споменици на лица оспорени во протести и немири против расизам во САД, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Трамп рече дека се противи на отстранување споменици на водачите на Конфедерацијата од времето на американската граѓанска војна, кога ропството било практика, или од други периоди од американската историја, кога доселениците го уништувале домородното население на Северна Америка.
– Ќе има извршна наредба многу скоро и тоа само ќе ја зајакне регулативата што веќе постои, но таа ќе биде посеопфатна, иизјави Трамп пред новинарите.
За време на големите протести низ целата земја околу расната неправда и нееднаквоста, Трамп отворено застана на страната на оние кои веруваат дека елиминирањето на некои аспекти од американската историја, отишло предалеку.