Украинските сили постигнаа значителен напредок на силно утврдените руски позиции на југ, соопшти американската влада.

Портпаролот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека е постигнат напредок во изминатите 72 часа јужно од Запорожје.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека нивните сили напредуваат, но дека тоа е тешка борба, пренесува „Index.hr“.

Русија тврди дека освоила стратешки точки во близина на градот Купијанск во североисточна Украина. Според медиумот, ниту едно од овие тврдења не е независно потврдено.