САД вчера воведоа санкции за компании од Кина, Грузија и Турција за дејствија спротивни на надворешно-политичките интереси на американската земја.
Пекинг ги осуди новите американски санкции и соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на кинеските компании, откако Вашингтон најави серија акции за да го осуди односот на Кина кон ујгурското малцинство.
„Кина е многу незадоволна и силно се противи на тоа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Ји.
Министерството за трговија, пак, соопшти дека Соединетите Американски Држави вовеле санкции за кинеската Воено-медицинска истражувачка академија.
Во документот се вели дека се наметнати санкции на Кинеската академија за воено медицински истражувања и нејзините 11 истражувачки институти за микробиологија, епидемиологија, токсикологија, биоинженерство, контрола на болести, па дури и ветеринарна медицина за користење биотехнолошки процеси за поддршка на кинеската армија. Агенцијата наведува и информации за можно оружје за контрола на мозокот.
„Овие акции се спротивни на интересите на САД во областа на националната безбедност и надворешната политика“, соопшти Министерството за трговија.