Ситуацијата во САД, каде се очекува бројот на позитивни случаи да надмине 250.000, има дополнителни проблеми со тоа што за само две недели без работа останаа 10 милиони луѓе.
Бројот на луѓето кои останаа без работа оваа недела надмина 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија 3.3 милиони лица, според податоците на надлежните институции.
Речиси 10 милиони Американци во овие две недели се пријавиле за помош за невработени што е најголем број во новата историја.
Според Џош Липски од независниот истражувачки центар во Вашингтон, американската економија се движеше со најголема брзина, а одеднаш се намали и милиони работници останаа без работа.