Организаторите на саемот за вино во Франција ќе ги корегираат термините „македонско вино“ и „македонско лозје“, јавува дописникот на софиски Труд од Атина, повикувајќи се на соопштение на Здружението на производители на вино од северна Грција.
Организаторите на саемот за вино „Citadelles du Vin” пристапија кон замена на термините за вина произведени во Македонија, откако службата за трговски и економски прашања од грчката амбасада во Париз сигнализирала за соодветните термини во рекламните материјали за саемот.
Поради фактот дека терминот „Македонија“ е заштитен географски поим на Грција за вина произведени во регионот на Македонија, дадените термини го нарушуваат acquis communautaire во однос на статутот и грчките власти (Министерството за надворешни работи и Министерството за развој на селските реони и за храна) ги презедоа неопходните чекори кон организаторите, но и кон други органи и служби во Франција, се вели во соопштението на Здружението.
Во Договорот со Грција за вакви прашања стои:
Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата закомерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.
Самостојното истакнување свој амблем, појасни, не е против Преспанскиот договор, но трајните законски решенија треба се дефинираат преку меѓународната експретиза.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатата година го промовираше проектот „Macedonia the GReat“. Министерството за надворешни работи тогаш излезе со срамежлива реакција дека тоа ја поткопува меѓусебната доверба, додека експерите велат дека за трговските марки потребна е заемна согласност и од македонска и од грчка страна.