Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата. Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш даваме отчет за сработеното. Еден таков циклус од 4 години мандат на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тукушто навршувa, изјави на денешната прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците, вели тој, покажаа доблест, чест и достоинство. Имаме пример како треба да се однесува еден јавен функционер со јавните пари.

ВМРО-ДПМНЕ

Сајкоски вели дека општините биле затекнати во дебели минуси, голем дел со блокирани сметки и проблеми.

-Но сите успеаја да ги надминат овие состојби и да постигнат успех. Тој успех сакаме и тие постигнувања ќе бидат промовирани овој викенд. Имено овој викенд на 23 и 24 Август, во Скопје, во Хотелот Холидеј Ин ќе се одржи Саем – Отчет под мотото ,,4 години работа за тебе” на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Настанот започнува на 23 ( сабота ) во 11 часот, по што обраќање со цел отворање на настанот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на првиот ден ќе имаме панел дискусии на градоначалниците поделени по региони, на кои тие ќе го презентираат сработеното. Воедно секоја општина ќе има свое катче, штанд, на кој граѓаните и новинарите ќе може да пристапат и да се запознаат одблиску со работата на градоначалникот на дадената општина и неговата администрација. Вториот ден во недела, настанот започнува во 10 часот, и ќе има низа панел дискусии меѓу кои панел дискусии за 4 години развој и прогрес, инфраструктурни инвестиции, вклученоста на граѓаните во носењето одлуки, и меѓународната соработка, вели Сајкоски.

Истакнува дека на саемот граѓаните ќе можат да се запознаат во детал за сработеното во изминатите 4 години, одблиску ќе ја видат трансформацијата на општините во однос на 2021 и сега.

-Разликата е огромна, таа е мерлива. Разликата и резултатите се тоа што не разликува од сите политички противници. Ветените и реализирани проекти се работи кои не симболизираат. Македонија на локално ниво во изминативе 4 години доживеа вистинска трансформација. Промените се реалност, посочува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.