САЈКОСКИ: Ако биде потпишан од Заев, ќе го поништиме анексот на договорот со Бугарија

/ 03.12.2020

Договорот со Бугарија не е ниту за добрососедство ниту за пријателство. Барањата на Бугарија не се нови и датираат од 1878 година од Санстефанскиот договор. Ако досега оваа нивна идеја не била реазлизирана, сега гледаме власт предводена од Заев што е спремна да прифати сѐ што ќе биде побарано.

Ова во интервју за „Република“ го објаснува Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој вели дека откако виделе што прави владата ги повикале граѓаните на протести кои ќе продолжат и во следниот период се до конечната цел, оставка на Зоран Заев.

Власта е длабоко навлезена во преговорите со Бугарија од чие решение зависи дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Се чини дека власта е подготвена да удоволи на сите барања на Софија која задира во нашииот јазик, идентитет, историја.Дали после она скандалозно интервју на Заев за БГНЕС станува јасно дека кај него се е на продажба.?

Сајкоски: Владата потпиша договор со Бугарија во 2017 година на македонската јавност и беше претставен како договор за добрососедство пријателство и соработка, владата ова го претстави како голема придобивка за Македонија. Денес само три години од потпишувањето на договорот, гледаме дека договорот со Бугарија ниту е за добрососедство, ниту има нешто пријателско ниту може да донесе идна соработка на двете држави.

Барањата од страна на Бугарија слушаме и гледаме дека секојдневно се зголемуваат најпрво заедничка историја, идентитет, јазик секако морам да потенцирам дека ова се стари барања и датираат од 1878 година од Санстефанскиот договор. Но, ако низ годините оваа нивна идеја не била реализирана денеска гледаме власт предводена од Заев што е спремна да прифати се што ќе биде побарано од неа разговараат и за нашата посебност како народ. Имајќи го во предвид фактот дека народите се препознаваат и разликуваат меѓусебе преку јазикот, традицијата, културата, историјата, изградената колективна меморија. Барањата на Бугарија сега се јасни бараат да не постои македонски народ. Владата не поаѓајќи од историските документи, извори, сведоштва континуитет на постоење и борба на македонскиот народ ги руши сопствените позиции за жал и позициите на Македонија.

Сега се наметнува една дилема зошто баш сега дојде период да се негира постоењето на македонскиот народ или сега некој го докажува своето постоење со негирањетот на Македонците. Клучно прашање е дали нам ни е доведен во прашање и суверенитетот ако знаеме дека државата е суверена да ги регулира своите внатрешни работи: јазикот, националноста, образованието, учебниците и др. Симптоматично е дека наместо овој договор да не зближи со Бугарија и со бугарскиот народ со кој имаме одлични односи не раздели како никогаш до сега.

Што планира ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт доколку Заев потпише анекс, нов договор во кој не се заштитени македонските интереси?

Сајкоски: Периодов опозицијата е исклучена од сите случувања кои се однесуваат на договорот со Бугарија. Но ние како ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати кажавме дека по доаѓањето на власт ќе го поништиме анексот на договорот со Бугарија доколку биде подпишан од страна на владата на Заев во ваква форма и на ваков начин на кој што во јавност ни го претставуваат.

Власта бега и од тоа Собранието да изгради заеднички став за преговорите со Бугарија. Дали ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе инсистира на Декларација како одговор на Меморандумот на Бугарија?

Сајкоски: Во неколку наврати во Собанието на Р. Македонија беа повикани на комисијата за надворешна политика министрите Никола Димитров и Бујар Османи, иако ова е нивна матична комисија не присуствува и најдоа време да елаборираат на пратениците за нивните идни чекори, можеби и тие не ги знаат, можеби само премиерот ги знае идните чекори но опозицијата остана без многу неодговорени прашања. Сега како да зборуваме за европски вредности кога двајца министри не го почитуваат парламетот што ги избрал на таа функција. Тоа е реалноста за македонската влада.

Но, она што Заев не го очекуваше е реакцијата на народот кој е огорчен од она што го слушна. Одговор на граѓаните се протестите кои секојдневно се случуваат. Тие веќе стануваат семакедонски и излегуваат граѓани од сите партии и националности. Како сте задоволни од протестите и дали тие ќе продолжат и во следниот период ?

Сајкоски: Откако изминатиов период видовме дака владата нема план ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на протести најпрво во Скопје потоа по барање на граѓаните протестите се проширија и во внатрешноста. Денеска се протестира во Скопје во уште 15 градови во Македонија. Продолжуваме следниов период секојдневно со протестите во скоро сите градови во Македонија како и Скопје. Радува фактот дека граѓаните се обединија и сега се движиме кон една цел владата да поднесе оставка и да понесе одговорност за лошите политики.

Деновиве актуелно е барањето на СДСМ и на ДУИ за онлајн седници. И покрај сите укажувања дека тоа е спротивно од Уставот власта ја почна процедурата за измена на Деловникот. Одовор на тоа се неколкуте илијади амадмани за целата опозиција. Дали власта ќе успее со ваква тенко мнозинство на сила да го истурка и ова ?

Сајкоски: Опозицијата во парламентот споделува единствен став дека не може да функционира собрнието онлајн. Власта во немоќ да му помогне на народот во оваа криза како да сака сите процеси д ги тера на сила. Ние какоВМРО-ДМННЕ соодветно ќе се спротиставиме и ќе се бориме да го спречиме ова неуставно однесување на власта.

Која е вистинската причина што власта сака онлајн седници. Дали е тоа можноста на таков начин да обезбедат барем минимум мнозинство за почеток на седниците или пак да се истуркаат законите кои му се важни на Заев, како што е тој за легализација на марихуаната?

Сајкоски: Вистинска причина за онлајн собрание е носење на закони кои се навистина премногу штетни за граѓаните од една страна а од друга страна е барање на начин преку носење на дел од законите да се празни државната каса. Ние остро се спротиставуваме на секое вакво законско решение.

Ситуацијата со Ковид-19 е загрижувачка. Македонија е на врвот по починати и заболени. Мерките кои власта ги спроведува не даваат никакви резултати, напротив служат само за пи-ар на Заев и Филипче. Не помогна ни кризната состојба. Што ВМРО-ДПМНЕ конкретно предлага за надминување на оваа состојба?

Сајкоски: Ситуацијата во моментов во Македонија е загрижувачка и мислам дека периодов што следи ќе се усложнува се се сведува на тоа дека и во здравството оваа влада во ваква пандемија нема план како во ниту еден друг сектор. Наместо превенција за заштита на населението од ковид 19, тие градеа сопствен рејтинг сега се погрешно работеа го плаќаат граѓаните или со пари или со живот. Ние како ВМРО-ДПМНЕ од самиот предложивме многу мерки кои за жал не беа разгледани. Сега нашиот предлог е Заев оставка.


Од истата категорија