Американски војник (32), се качил над оградата пред активен вулкан на Хаваи, бидејќи сакал подобар поглед, паднал од карпата и успеа да преживее.
Маж стациониран во базата Похакулоавчера отишол во посета на Националниот парк Хавајски вулкан. Во еден момент се лизнал и паднал од височина 90 метри во вулканот Килауеа.
За среќа, го нашле два ипол часа подоцна на 20 метри пониско на тесниот дел на карпата. Успеале да го извлечат со помош на јажиња.
Со тешки повреди, тој бил пренесен со хеликоптер во болница.
Иако во моментов не еруптира, Килауеа е активен вулкан, а само минатата година уништи повеќе од 700 домови.