Еден турист во Кавала во Грција, вчера остана заглавен во морето, во плиткиот дел кога со автомобил влезе во вода како би истоварил чамец.

Наводно, во прашање е државјанин на Бугарија кој за својот автомобил закачил чамец, а кога сакал со него да се повози направил несекојдневен потег. Тој со колата влегол во плиткото и го оставил чамецот во вода, но кога сакал да излезе со колата останал заглавен.

Мокриот и мек песок го направил своето, поради тоа што автомобилот поради својата тежина потонал. Посетителите на плажата на сите начини се обидувале да му помогнат на возачот, а многумина и се прашувале како воопшто овој потег можел да му падне на глава, затоа што исходот бил очигледен.

На крајот заглавениот автомобил го извлекол трактор, кој бил пратен на плажата, па се добро се завршило. Сепак фотографиите од оваа случка се проширија низа социјалните мрежи.

-Да не сакал со автомобилот до дома, да ги избегне границите. Преку море, е само еден од коментарите кои биле дадени на социјалните мрежи.