Во Банско, Бугарија неодамна се одржа детскиот избор за убавина, „Little Miss&Mister Galaxy“, на кој во неговата возрасна категорија победи осумгодишниот Садат Јакупи, кој ја претставуваше нашата држава.

Овој голем успех тој го зачини со уште една титула „Top Model Galaxy“.

Малиот Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа седум дена во Банско каде со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале.

На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар национален директор и тоа трета година по ред. Тој изјави дека е прекрасно чувството да се претставува Македонија надвор од границите, а кога при тоа ќе се вратите дома со титули, задоволство е навистина комплетно.

Нашиот Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм, на кој не останаа рамнодушни сите членови на жирикомисијата.