Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата. Во посебните услови кои треба да ги понуди кандидатот, е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.
Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари.
Јавноста веќе реагира што коалиционите партнери СДСМ и ДУИ веќе не ни кријат дека се создаваат огласи кои одговараат на квалификациите на веќе одбраниот партиски војник кој треба да се улеби во некоја од државните институции. Па, така одеднаш спорташи се поставени како лидери во културни институции, а, пак, во конкретниот случај со ФЗОМ, „советничката“ веќе е примена и ќе добие решение од први март.