Најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, е на листата на репрезентацијата за Мундијалот во Русија и покрај повредата на неговото рамо здобиена во финалето на Лигата на шампионите.
Напаѓачот на Ливерпул на репрезентацијата ќе и се приклучи на 9 јуни, а дотогаш ќе закрепнува во Шпанија.
Салах сигурно ќе го пропушти првиот натпревар против Уругвај на 15 јуни.
Во Египет веруваат дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против Русија четири дена подоцна, а дека тоа сигурно ќе се случи за средбата со Саудиска Арабија на 25 јуни.