Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини беше нападнат од разбојници во Чиле. Според „Марка“ додека Пелегрини, заедно со неговата сопруга и пријатели седеле во ресторан во Витакура, бил нападнат и ограбен од двајца мажи со пиштоли.

Тамошната полиција брзо реагирала и почнала потрагата по криминалците. Напаѓачите отвориле оган кон полициските службеници и избегале. Подоцна нивниот автомобил бил откриен.

Чилеанскиот фудбалски стручњак им се заблагодари на полицајците за нивниот брз одговор.

Пелегрини во новата сезона ќе го предводи Ветс Хем во Премеир лигата.