Министерот за здравство Баким Сали на денешната средба со поглаварите на верските заедници одговорајќи на новинарско прашање истакна дека професор Драган Даниловски, не е спремен да се справи со реалноста.
– Јас не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, меѓутоа не се спремни да се справат со реалноста, и даваат за жал необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат на општеството, рече Сали.
Според Сали, не е точно и дека во Македонија не постои протокол за лекување на болни од Ковид 19:
„Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол“, изјави денеска Сали.