Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека се уште не може да каже оти е крај на корона пандемијата. Посочи дека не знае која од мерките за заштита од Ковид-18 ќе биде олабавена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.
– За жал, се уште не може да ја прогласиме за умрена. Не знам Комисијата што ќе одлучи денеска, заседава во моментов, се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои ги добиваме од Институтот за јавно здравје. Искрено не знам која мерка ќе биде денеска олабавена, но посакувам што побрзо да закрепнеме сите па да може да функционираме нормално, изјави Сали одговарајќи на новинарско прашање, при денешното отворање на Компјутерскиот центар на ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.
Сали посочи дека не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите рестрикции.
– Временски не можеме да прецизираме, но ние работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третиратме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече Сали.