Министерот за здравство Беким Сали потврди за Канал 5 дека дел од КАРИЛ бил поплавен во вчерашното невреме и затоа нема да се примаат нови пациенти.
Пациентите, кои ќе бидат во тешка состојба, ќе бидат препраќани во „8-ми Септември“ и во болницата „Наум Охридски“ , потоа во КБ Штип, КБ Тетово и КБ Битола.
Министерот Сали за Канал 5 изјави дека во вчерашното невреме не бил поплавен делот, каде што се сместени пациентите во животно загрозувачка состојба.