Прашањето за набавка на касетна муниција (за Украина) не претставува закана за единството на НАТО, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на прес-конференција во вторникот.
– Ниту британскиот премиер (Риши Сунак) ниту некој од лидерите на земјите на НАТО не рекоа дека ова го загрозува единството на НАТО. Постои широка мерка за разбирање зошто САД ја донесоа оваа одлука, рече тој на прес-конференција во Вилнус, што беше емитувана на каналот на Белата куќа на Јутјуб.
Американскиот претседател Џо Бајден на 7 јули ја објави својата одлука да започне со испорака на касетна муниција на режимот во Киев. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, нагласи дека ваквите залихи ги загрозуваат цивилите и се насочени кон продолжување на кризата.
Инаку, овој вид муниција, од која страдаат и цивилите, е забранета со конвенција која ја имаат потпишано повеќето членки на НАТО, но не и САД, како и Украина и Русија.