Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини смета дека „сонот за Европа“ е на работ на уништување, но сепак истакнува дека ќе ги вложи сите напори за спас на Европската унија.
– Јас сум нормална личност. Верувам во Европа. Тоа е прекрасен сон, кој е на работ на уништување. Ќе сториме се што можеме за да ја спасиме Европската унија, изјави Салвини во интервју за „Политико“.
Салвини, кој е лидер на десничарската партија Лига, нагласува дека сепак во наредниот период не ќе може да се вклучи активно во европската политика.
– Моментно нема време за тоа. Немам време за европските избори следната година, вели Салвини.
На прашањето каков е неговиот став кон францускиот претседател Емануел Макрон, Салвини нагласува дека повеќе не го смета за свој непријател.
– Макрон повеќе не е мој проблем. Макрон е проблем на францускиот народ, додава Салвини во интервјуто.