Холивудската глумица Салма Хајек присуствуваше на гала-вечерта на доделување на Оскарите, но сите можеа да забележат дека таа воопшто не беше присутна на ниту една забава потоа.

Таа за медиумите откри дека морала итно да отиде во болница веднаш по завршувањето на церемонијата, бидејќи нејзината менаџерка Евелин О’нил имала несреќа. Имено, Евелин паднала и се повредила, а бидејќи се блиски пријателки со актерката, било сосема нормално Селма да остане со неа додека да ја отпуштат од болница.

На актерката не ѝ било важно што ја пропушта забавата, бидејќи ѝ било приоритет нејзината пријателка да се чувствува добро.