Кризата со „жолтите елеци“ покажува дека Французите сфатиле дека нивниот претседател Емануел Макрон е „лабораториски производ за одржување на системот“, изјави Матео Салвини, министер за внатрешни работи на Италија и лидер на екстремната десница во државата. 

– Ми се чини дека Макрон е лабораториски производ замислен да блокира промена на хоризонтот, изјави Салвини.

– Се сеќавам дека пред неколку месеци Макрон беше шампион на нова Европа за целата италијанска левица. Тој беше новиот дух на Европа, нов спасител на Европа…Пак погрешија, додаде тој на прес конференција.

Салвини нагласи дека ги разбира економските, социјалните и културните мотивации на оние кои почнале со движењето.

– Се надевам ќе ги постигнат целите, додаде Салвини и осуди каков било облик на насилство.