Не сакам да верувам во ова… среќен пат Синиша, шампион на теренот и надвор од него, објави Матео Салвини, екс италијански вицепремиер и лидер на партијата Лига, коалиционен партнер сегашната Влада на Италија за смртта на Синиша Михајловиќ.
– Пријател, сериозна личност, добра и дарежлива личност, борец кој не се плашеше да каже што мисли. Никогаш. Не напушти, но остави огромно наследство на љубов, почнувајќи од неговото прекрасно семејство и сите луѓе во спортот. Ќе ни недостигаш, многу. Секогаш ќе бидеш со нас, објави Салвини на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Како што објавивме, денеска во 53-та година од животот почина поранешната фудбалска ѕвезда и фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ.
(Д. Г.)