Германската канцеларка Ангела Меркел предизвика внимание кај јавноста со настапот на маргините од самитот Г20 во Буенос Аирес.
Меркел, по дефектот на владиниот авион, во Аргентина допатува со комерцијален лет од Мадрид, дозволувајќи им на патниците да се фотографираат со нејзе,
По завршувањето на самитот Г20 германската канцеларка замина на вечера во ресторанот Дон Хулио, кој се наоѓа во округот Палермо во Буенос Аирес, објави Вијести.ме.
Во текот на посетата и вечерата на Меркел ресторанот бил отворен за редовните посетители и немало никакви специјални сигурносни рестрикции поради угледната гостинка.
По вечерата, Ангела Меркел се сликала со готвачите, а околу ресторанот се насобрало мноштво граѓани кои ја поздравиле со овации.