Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави утрово дека разговорите на самитот на ЕУ во Брисел биле тешки, но е задоволен од напредокот.
– Тешките преговори завршија и можеме да бидеме многу задоволни од резултатот. Продолжуваме попладне, напиша Курц на Твитер по маратонскиот самит.
Холандскиот премиер Марк Руте, исто така, истакна дека лидерите на ЕУ напредувале кон постигнување договор околу планот за оживување на економијата, но предупреди дека преговорите би можеле да завршат без успех.
– Синоќа тоа не изгледаше добро, меѓутоа чувствувам дека во целост напредуваме, изјави Руте пред новинарите во Брисел.
Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.