Во Киев и ширум Украина денеска се огласија предупредувања за воздушен напад пред самитот на лидерите на Европската унија и на Украина во главниот град на земјата.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се во Киев пред првата годишнина од руската инвазија. Според информациите, тие носат ветување за нови санкции против Русија, но веројатно не и добри вести за надежта на Украина за брзо членство во ЕУ.

Шефот на извршната комисија на групата, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Киев со воз вчера, симболично патување за да ја покаже поддршката за Украина како што се приближува првата годишнина од руската инвазија врз нејзиниот сосед на 24 февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со други официјални претставници во Киев, 2 февруари 2023 година
Високи претставници на ЕУ во Украина пред годишнината од војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на повеќе казнени мерки против Русија од страна на Европската унија, но новите санкции што блокот ги подготвува за годишнината нема да ги исполнуваат барањата на неговата влада. Додека ЕУ ја поддржува Украина и ги поддржува демократските и економските реформи таму, таа одбива да понуди брза патека за членство додека Украина е во војна. Официјалните претставници на ЕУ наведоа повеќекратни услови за влез, од политичка и економска стабилност до усвојување на различни закони на ЕУ. Процесот веројатно ќе трае со години.